Автопатишта ќе градиме со кредит од кинеската Експорт Импорт Банка

Bez autora
Nov 26 2012

Користејќи ги преференцијалните кредитни линии на Експорт Импорт Банка" на Кина, македонската Влада планира да ги изгради на ниво на автопат патните правци Миладиновци-Штип, Штип-Кочани, Кичево-Охрид и Охрид-Св.Наум. Според министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, Владата е цврсто решена да ја подобри патната инфраструктура во земјава. За дел од патиштата кои претходно беа предвидени да се градат по пат на концесија, со оглед на тоа што немаше интерес од страна на компаниите, ние го овозможивме овој алтернативен извор на финансирање. Во текот на изминатиот период остварени се средби со повеќе заинтересирани компании кои искажале сериозен интерес за учество во проектот. На маргините на Конференцијата на Секретаријатот за соработка помеѓу Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа и првиот состанок на Националните координатори, амбасадорот на РМ во НР Кина Оливер Шамбевски го потпиша заемно усогласениот текст на Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на РМ и "Експорт Импорт Банка" на НР Кина.

Автопатишта ќе градиме со кредит од кинеската Експорт Импорт БанкаКористејќи ги преференцијалните кредитни линии на Експорт Импорт Банка" на Кина, македонската Влада планира да ги изгради на ниво на автопат патните правци Миладиновци-Штип, Штип-Кочани, Кичево-Охрид и Охрид-Св.Наум.

Според министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, Владата е цврсто решена да ја подобри патната инфраструктура во земјава.

- За дел од патиштата кои претходно беа предвидени да се градат по пат на концесија, со оглед на тоа што немаше интерес од страна на компаниите, ние го овозможивме овој алтернативен извор на финансирање. Во текот на изминатиот период остварени се средби со повеќе заинтересирани компании кои искажале сериозен интерес за учество во проектот. На маргините на Конференцијата на Секретаријатот за соработка помеѓу Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа и првиот состанок на Националните координатори, амбасадорот на РМ во НР Кина Оливер Шамбевски го потпиша заемно усогласениот текст на Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на РМ и "Експорт Импорт Банка" на НР Кина. Очекуваме наскоро да ги комплетираме процедурите и во првиот квартал на 2013 година да започнат градежните активности на делницата Миладиновци-Штип, за која и веќе е изработена целокупната документација - вели Јанакиески.

Согласно заклучок на Владата, во текот на октомври 2012 година потпишан беше договор за давање консултантски услуги со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), која е ангажирана како финансиски трансакциски консултант за изградба, одржување и наплата на патарина на делницата Гостивар-Кичево и одржување и наплата на патарина на делницата Скопје-Гостивар.

Договорот предвидува консултантот да обезбеди консултантски услуги и изработка на студии и анализи, а исто така на македонската Влада да и предложи финансиски модел и мерки на имплементација на проектот за концесија на патните правци.

- Ангажманот на консултантот ќе биде се до моментот кога Владата ќе потпише договор со потенцијалниот најповолен понудувач - информира министерот Јанакиески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik